приказната за White Ridge

Вo 2019 година имав чест да испиеме по една пијачка со познатиот словенечки рок пејач Зоран Предин, вокалистот на рок бендот „Лачни Франц“.

Зоране ова е… Џин, нели!!! – прашав по првата голтка.

Не, ова не е Џин, ова е Брин – брзо одговори Зоран.

Но, потсетува на Џин! – пак јас.

Ова е локален пијалок кој го создаваме во Словенија, Брин или Брињевец и главна состојка се бобинки од смрека исто како и во џинот – го затвори муабетов Зоран.

Она што подоцна таа вечер сфатив дека местото на моето потекло,

Галичник во Македонија и планината Бистра се познати како „Дом на смреката“ и дека смреката е една од билките која моите луѓе ја користеле во нашата традиционална медицина.

Дојде инспирација и приказна започна.

Решивме да го создадаме White Ridge, изработен со прецизна грижа направена од рачно избрани билки кои ги собираме во скриените делови на Бистра.

Правејќи совршен спој од билки, White Ridge поседува волшебен вкус кој може да го доведе во искушение и најпребирливото непце.

Една од тајните на извонредноста на White Ridge лежи не само во рачно избраните билки, туку и во чистата изворска вода што тече од срцето на планината. Оваа вода е толку чиста и недопрена што се чини дека има своја магична моќ и ги подобрувајќи ги вкусовите на џинот.

Друга тајна легенда вели дека секоја вечер, додека Галичаниве дремат во дестилеријата се појавува сенишната фигура на стариот врачар или алхемичар по име Спиридон.

Спиридон е веројатно тој што го создал рецептот за џинов White Ridge во старите времиња. Тој сè уште внимателно го следи процесот на дестилација, осигурувајќи се дека секоја серија е исполнета со совршена рамнотежа на билки и зачини.

White Ridge e џин кој е всушност еден од доказите за магичната привлечност на планината Бистра.