Важна информација за посетителите
Од август 2023 започнуваме со викенд дегустација на White Ridge џин. Доколку планирате посета на Галичник, слободно јавете се 070223047 или пратете ни емаил gspiritlab@whiteridgegin.com со цел да закажете термин за вашата дегустација. Пакетот се состои од чаша чист Џин, чаша Џин со мраз и кора од лимон и чаша Џин со Тоник и мезе Пршута & Кашкавал. Се разбира дегустацијата е проследена со приказната на White Ridge и објаснување на процесот на неговото создавање.
Почнувајќи од 2024 нашата дестилерија ќе има програма „Посети, научи и одмори“ со која секој ќе има можност да дојде да учествува во процесот на собирање на билките, за методот на дестилација и создавање на совршено балансиран џин.