„White Ridge“ – е првиот производ на дестилеријата „Галичник Спирит Лаб“. Основната идеја е да понудиме на пазарот на крафт алкохолните пијалоци во Европа пијалоци кои ќе бидат совршено избалансирани меѓу уникатноста на регионот на планината Бистра, Галичник и генералната традиција на премиум квалитет која ја нуди македонското поднебје во креирање на алкохолни пијалоци.
Дестилеријата „Галичник Спирит Лаб“ е семеен бизнис и е сместена на две локации односно во срцето на Галичник каде што ќе се дестилираат посебните едиции на пијалоците, и втората локација е во Скопје каде што се наоѓа и главниот акцизен склад.