билки

БОБИНКИ ОД СМРЕКА

 

Главната билка во џинот White Ridge е бобинката од Смрека. Високиот квалитет на македонските бобинки од смрека е веќе познат факт во светот на крафт џин. Ние за нашиот White Ridge Gin, користиме бобинки од смрека диретно од нивниот дом на планината, Бистра во Галичник. Нашите грмушки со смрека имаат живописни модро сини бобинки чија волшебна арома има моќ да го прочисти воздухот и да донесе позитивен дух во секој простор. Дури и мал број бобинки од нашата смрека ќе ја трансформираат најмрачната соба во простор на спокојство и радост. Нашите бобински од смрека дополнително содржат моќни лековити својства. И, споени со другите билки ни го даваат совршениот спој на White Ridge.

ПЛАНИНСКИ ЧАЈ, СИДЕРИТИС

Планински чај е хербална билка од родот на растенија кои потекнуваат од регионот на планината Бистра и се користат со векови во традиционалната медицина, поради неговите различни потенцијатлни здравстевни придобивки.

Во џинот White Ridge ја користиме оваа билка која носи елемент на релаксација, ослобудавње од стрес, зголемувајќи ги когнитивните елементи на човекот. Планинскиот чај е познато дека ја подобрува меморијата, концетрацијата и севкупното здравје.

МАЈЧИНА ДУШИЦА

Мајчина душица е билка која припаѓа на семејството Нане или Мента и е една од 25 видови на ова растение. Нашата Мајчина душица исто така потекнува од планината Бистра и се користи со векови наназад во традиционалната медицина, но и во кулинарството.

Мајчина душица има долга историја на употреба. Содржи есенцијални масла, првенствено тимол, кои поседуваат антисептички, антимикробни и експекторантни својства. Традиционално се користи за лекување на респираторни состојби како кашлица, настинка, бронхитис и болки во грлото.

Во џинот „WHITE RIDGE“ овие мали миризливи лисја и нежни цветови даваат и допир на бистра убавина.

БОЗЕЛ

Третата лековита билка што ја користиме во ботаничката мешавина на WHITE RIDGE е исто така со потекло од Бистра, планинскиот регион и се користи во кујната и хербалните лекови. Многу популарна состојка за правење сируп од бозел, чаеви, џемови и ликери.

За White Ridge користиме цветови на Бозел, кои ги собирам на почетокот на летото кога тие се во полн цут.

Важна информација за посетителите

Почнувајќи од 2024 нашата дестилерија ќе има програма „Посети, научи и одмори“ со која секој ќе има можност да дојде да учествува во процесот на собирање на билките, за методот на дестилација и создавање на совршено балансиран џин.

Покрај билките со географско потелко од Бистра, Галичник во White Ridge користиме и билки кои се исклучително ваѓни за финалниот производ, а ги набавуваме од други краеви на нашава планета.

 

  • Семе од Кориандер
  • Ангелски корен
  • Кора од Лимон
  • Кора од Портокал
  • Ѓумбир